Хојт Ји повторува по Хан: Изборите се легитимни и без опозицијата

Американскиот помошник-државен секретар, Хојт Брајан Ји вчера, беше во посета на Албанија, каде што се сретна со државните и политичките лидери и разговараше за кризата што ја зафати земјата, а која трае веќе неколку месеци. Ји изјави дека самоисклучувањето на најголемата опозициска Демократска партија, предводена од Љуљзим Баша, од изборите ќе биде штетно за земјата, но додаде дека изборите ќе се сметаат за легитимни и без опозицијата, пренесе албанската телевизија „Топ-ченел“.– САД го поддржуваат пакетот на Мекалистер и ќе беше добро страните да постигнеа договор за овој пакет. САД се подготвени да ги поддржат страните за да учествуваат на изборите, но и без опозицијата, тие ќе се сметаат за легитимни, како и реформата во правосудството – рече Ји.
Помошник-државниот секретар истакна дека секоја партија има право да не учествува на изборите, но дека тоа може и да биде штетно.
– Ако некои партии самите се исклучат, си штетат. Во една демократска земја нема место за насилство. Бојкотот е штетен за имиџот на земјата и за странските инвестиции. Ако се утврди дека изборите се регуларни, ние ќе ги признаеме. Утврдувањето ќе го направат ОБСЕ/ОДИХР и ЕУ – рече Ји, а пренесе албанскиот весник „Шќип“.
Тој даде оптимистичка изјава за наоѓањето брзо решение, бидејќи, според него, нема време.
– Се надеваме дека ќе има решение и страните треба да се вклучат во дијалог, бидејќи нема многу време на располагање – порача Ји.
Ји вчера се сретна со албанскиот премиер Еди Рама, со претседателот на собранието Илир Мета и со Баша. Тема на разговор беше наоѓањето решение за кризата. Албанските медиуми за посетата пишуваа дека е можеби последната шанса за постигнување договор и за решавање на тримесечната криза.
Пораките што Ји ги испрати од Тирана се на иста бранова должина со оние што минатата недела ги испрати комесарот за преговори за проширување и соседска политика на ЕУ, Јоханес Хан. Тој во писмото до граѓаните на Албанија порача дека жали што изборите во Албанија ќе се одржат без опозиција, но и дека демократскиот процес мора да продолжи и ако некој одлучи да остане надвор од играта.
– Ние сме во ситуација каде што изборниот процес за општите избори на 18 јуни е поставен и изборите ќе се одржат без учество на главните опозициски партии. Ова е намерен избор на сегашната опозиција да не се кандидира за изборите, што јас треба да го почитувам, но во исто време длабоко жалам за оваа одлука од демократска гледна точка. Албанците бараат и заслужуваат избори што обезбедуваат широка политичка понуда и почитување на изборните стандарди. Сепак, демократскиот процес мора да продолжи, дури и ако некој се одлучи да остане надвор – наведе Хан, според кого демократијата и демократските стандарди нема да бидат запрени со бојкотирање на институциите и демократските избори.
Баша остана на своето
Kолку за потсетување, на почетокот на мај, германската амбасадорка во Тирана, Сузан Шуц, изјави дека нејзината влада ќе ги признае изборите и ако на нив не учествува опозицијата, а истата порака ја испрати и американскиот амбасадор во Албанија, Доналд Лу. Тоа не го поколеба Баша и тој и неговите поддржувачи веќе со месеци се на улиците, барајќи техничка влада без Рама и одложување на изборите. Сите разговори и напори за наоѓање решение на кризата досега беа залудни, иако Рама му ветуваше на Баша министерски места, одложување на изборите и клучни функции.– САД го поддржуваат пакетот на Мекалистер и ќе беше добро страните да постигнеа договор за овој пакет. САД се подготвени да ги поддржат стра

Пронајдете не на следниве мрежи: