Холандски пилот го предвидел уривањето на германскиот авион во Алпите!

Холандскиот пилот Јан Кохерет, пред два месеци до најситни детали го предвидел сценариото од катастрофата над Алпите! Но, никој сериозно не го сфаќал неговото предупредување!„Благодарение на ултрабезбедносниот систем за затворање на вратата, на пилотот веќе не му е тешко да го преземе кокпитот и да го остави колегата надвор. Доволно е да почека овој да отиде во тоалет и веќе никогаш нема да може да ја отвори вратата. Навистина, постои начин да се влезе без интервенција од кокпитот (мислел на шифрата), но пилотот кој ги контролира командите може да ја исклучи таа опција и на колегата да му ја остави можноста да отиде да седне помеѓу патниците и да почека да види што му носи иднината“, напишал Кохерет, кој има 35 години искуство со летањето и кој денеска лета за авиокомпанија од Емиратите.
Специјализираниот сајт „Aviation News“, со кој Кохерет редовно соработува како хроничар, одбил да го пријави овој текст како премногу вознемирувачки, па текстот бил објавен во печатено издание на „Пилот во авионот“. Холанѓанецот во текстот навел неколку досегашни примери за самоубиства на други пилоти и заклучил дека и самиот понекогаш сериозно си го поставува прашањето кој седи покрај него во кокпитот.
„Што ако му се случило нешто страшно во животот, што не може да го поднесе? Се надевам дека никогаш нема да откријам, враќајќи се од тоалетот и да се најдам пред вратата од кокпитот која не може да се отвори“, бил видовит Кохерет, кој остро го критикувал системот за безбедност кој е воведен по уривањето на кулите Близначки во Њујорк.
Овие зброви предизвикале многубројни реакции во јавноста, додека и самиот Кохерет на својот профил на Фејсбук оставил коментар во кој истакнува дека му е јасно дека страшната приказна станала реалност. Австралиските авиокомпании вчера донесоа одлука дека мораат да обезбедат во секој момент во пилотската кабина да се наоѓаат двајца членови од екипажот, што е одговор на несреќата на германската авиокомпанија „Џерманвингс“.
Она од што пред два месеци се плашел Јан Кохерет, му се случило на Патрик Зонденхајмер – пилотот на урнатиот авион на „Џерманвингс“, кој според сведочењата на неговите колеги, бил еден од најдобрите во „Луфтханза“ и кој не успеал да ја спречи несреќата која го потресе светот.
Некои пак, му замеруваат на Зонденхајмер што го оставил неискусниот Андреас Лубиц сам во кабината и што не повикал некого од екипажот да му се придружи во кабината. Ова посебно се акцентира поради сомнителните зборови кои ги кажал копилотот кога му била дадена оваа задача.
„Се надевам. Ќе видиме“, му одговорил Лубиц. Оваа реплика најавувала дека нешто ќе се случи.
Кога Зонденхајмер излегол од тоалетот, веќе сѐ било доцна. Неговите повици и реченици со кои го преколнувал Лубиц да ја отвори вратата… немал кој да ги слушне.
Експертите велат дека шансите Зонденхајмер да ја разбие вратата биле минимални.
Капетанот во очај зел метална палка која на врвот имала стеснет дел кој може да се провлече во отворот, но неговите обиди да ја отвори вратата биле неуспешни.
Звуците од ударите со метална шипка се слушаат на пронајдената црна кутија, додека во позадина се слушаат криците на несреќните патници…
„Благодарение на ултрабезбедносниот систем за затворање на вратата, на пилотот веќе не му е тешко да го преземе кокпитот и да го остави колег

Пронајдете не на следниве мрежи: