ХОЛИВУДСКИ ДУХОВИ: Славни личности кои СЕУШТЕ ГИ ОПСЕДНУВААТ своите куќи!

Замислете да имате доволно пари да купите куќа на штотуку почината холивудска дива или славен заводник. Последното нешто што би го сакале е наскоро да сфатите дека во својот нов дом не сте сами, бидејќи нивните претходни сопственици едноставно не сакаат да си одат… а повеќе не се помеѓу живите!Не е тајна дека многу од славните уживаат во тоа да се во центарот на вниманието. Ова не се прекинува со фактот дека неодамна починале. Всушност, постојат неколку духови на холивудски ѕвезди за кои се верува дека редoвно си ги посетуваат своите стари домови создавајќи им проблеми на новите сопственици.

Ерол Флин
Флин бил првото холивудско „лошо момче“. Во текот на 40-те бил познат по лудите забави кои ги правел во својата вила во Холивуд. Неговиот живот не му донел многу добро и починал во 1959 година. Едно време , нговата куќа била празна. Сепак во 1980 година започнале да се случуваат чудни работи, а ќерката на новиот сопственик пријавила секакви паранормални појави. Раскажувала како слуша музика, галама и кршење на стакла. Изгледа дека Флин се вратил на уште една забава?!

Мерлин Монро
Духот на најпознатата русокоса од Холивуд наводно сеуште лута по булеварите на ова место. Од нејзиното самоубиство во 1962 духот на поранешната секс бомба е виден во нејзината поранешна куќа, кај гробот и во нејзиниот омилен хотел.

Мери Пикфорд
Глумицата од ерата на немите филмови, Мери Пикфорд, била голема ѕвезда во текот на 20-те години на минатиот век. Со својот втор маж се преселила во наводно проколната куќа во која живееле се до нејзината смрт во 1979 година. Недолго потоа, натприродните актиности на имотот се зголемувале а нејзиниот маж бил убеден дека духот кој го гледа е всушност Мери. По неговата смрт имотот бил напуштен засекогаш.

Елвис Присли
Веројатно најпознатиот дух кој го опседнува Холивуд е секако оноj „кралот на рокенролот“, Елвис Присли. Виден е во дискотеките во кои некогаш пеел, во својот дом, дури и во Лас Вегас во многубројните коцкарници.

Рудолф Валентино
Валентино бил холивудски срцекршач. Починал кога имал само 31 година поради компликации на чирот, а се зборува и дека неговиот дух ја опседнува поранешната негова куќа. Посетителите се колнат дека виделе лице кое вика од прозорот на вториот спрат каде се наоѓала и собата на славниот глумец.Не е тајна дека многу од славните уживаат во тоа да се во центарот на вниманието. Ова не се прекинува со фактот дека неодамна починале. Всушност, п

Пронајдете не на следниве мрежи: