Луѓето се соочуваат со потешкотии при будење и заспивање за време на полната Месечина. Со тоа се пореметува сонот, се менува нивото на мелатонин, што резултира со чудни соништа. Според резултатите од поновите истражувања, тоа се смета и за еволутивно наследство. За време на полната Месечина потешко се тоне во сон, а спиењето трае 20 минути порано од вообичаеното. Освен хормоните, врз соништата влијаат и месечевите мени на кои луѓето се посебно чувствителни. Овој еволутивен тек ги подобрил ловечките способности на луѓето. Поголемата светлина го овозможила заминувањето во лов, но истовремено не им давала на луѓето да заспијат. Поради тоа, луѓето полесно се чувале од предаторите, пренесува Daily Mail.
– Луѓето сонуваат дека јаваат змејови, а веќе во следниот момент пијат кафе со Џорџ Клуни. Таквите соништа главно се вообичаени и најчесто се однесуваат на работата и секојдневните животни ситуации, истакнува истражувачот Ричард Вајзмен.
Претходните истражувања коишто Вајзмен ги собрал во својата книга „Вечерно школо“, потврдиле дека дури и звуците влијаат врз соништата. Пеењето на птиците или шушкањето на тревата, предизвикуваат соништа за цвеќиња, додека пак гласот на галебите предизвикува соништа за плажа.
Со тоа се пореметува сонот, се менува нивото на мелатонин, што резултира со чудни соништа. Според резултатите од поновите истражувања, тоа се смета