Дваесет и деветгодишен Украинец ги убил својот вујко (68) и вујна (51), како и нивниот возрасен син во стан во Киев. После тоа, тој со нож ги распарчил нивните тела и ги ставил во лонец за да направи гулаш.Кога полицијата го открила, извршил самоубиство момент пред специјалците да влезат во станот. Украинската полиција истражува дали неговите роднини се единствените жртви.
– Кога влеговме во станот видовме делови од тела во канти и во лонци. Она што го зготвил, го спакувал во конзерви. До нашето доаѓање успеал да наполни неколку конзерви – изјавил шефот на киевската полиција Андреј Кришенко.
Канибалот е откриен откако соседите на убиеното семејство забележале дека ги нема со денови, а од нивниот стан се шири непријатна миризба.
Покрај остатоците на тројцата убиени, полицијата пронашла и маж со неколку куршуми во глава, но за чудо, се уште жив. Мажот, сепак, починал на патот кон болница.
На местото на злосторството пронајдени биле два пиштоли.Кога полицијата го открила, извршил самоубиство момент пред специјалците да влезат во станот. Украинската полиција истражува дали неговите роднини