Хенри Чау (31) составил листа за пазарење: нож, чекан, нож за овошје, избелувач, лонец за готвење ориз и микробранова печка. Вообичаени работи за во кујна, но, Хенри не планирал да готви ручек, туку да ги исецка соите родители.Освен списокот на работи кои требало да ги купи, Хенри напишал во потсетникот: исечи ја кожата, исечи ги органите, избричи ја главата, земи крв и сокриј ги телата. Овој список ѝ помогнал на полицијата да го откријат убиецот на две лица, Чау Винг (65) и Сија Јует (63), кои исчезнале на 1 март 2013 година во Хонг Конг.
Нивниот син минатата недел е прогласен за виновен за двојно убиство, а спорниoт список за пазарење не е единствениот доказ за неговата вина. Инаку, Хенри на своите пријатели им праќал пораки во кои го признал убиството, а дури на еден свој пријател му рекол дека би сакал да стане сериски убиец.
Форензичарите ги пронашле главите на неговите родители во два големи ладилници,а во нив пронашле и неколку пластични кутии со прецизно исецкани делови од тело. Полицијата не ги пронашла сите делови од телата, а се претпоставува дека Хенри ги подготвил во микробранова печка и ги изел.
Хенри го призал убиството, но навел дека пријател му помогнал да ја убие мајка му. Сепак, Тсе Цункеј ги негирал овие твредења и било утврдено дека ја зборува вистната, поради што бил ослободен.
Доживотна казна за манострумот
Судот во Хонг Конг донел пресуда, со која Хенри е осуден на доживотен затвор откако било утвредено дека првобитно ги убил, а потоа распарчил своите родители.
Тој е осуден на дополнителни девет години и 4 месеци затвор поради спречување погреб на своите родители.
„Казните ќе ги служи истовремено“, рекол сдијата Мајкл Стуард Мур истакнувајќи дека Хенри нема способност за сочувство и дека е многу опасен за другите.
Чау првобитно ѝ рекол на полицијата дека неговите родители заминале на пат, но подоцна го признал убиството во порака која ја испратил на пријател, во која себеси се нарекол „психопат“ додавајќи дека „не може да сочуватвува со болката на другите поради искуствата за време на растењето и пубертетот“.Освен списокот на работи кои требало да ги купи, Хенри напишал во потсетникот: исечи ја кожата, исечи ги органите, избричи ја главата, земи крв и с