ХОРОР: Ја убиле нивната ќерка затоа што украла презервативи и спиела со момчето кое ТИЕ не го сакале!

Асадулах Кхан (51) и неговата сопруга Шазија (41) од Пакистан, се соочуваат со казна затвор за убиството на нивната 19 годишна ќерка Лареб Кхан.Муслиманското семејство го признало злосторството кое го извршило над нивната ќерка велејќи дека таа донела срам во нивниот дом кога ја затекнале како купува презервативи за да има секс со момчето кое нејзината фамилија не го сакала.
Нејзиниот татко, во судот во Германија изјавил дека тој премногу ја сакал својата ќерка која работела како стоматолог, но морал тоа да го направи за да исчисти образот на неговото семејство.
Исто така, во судот изјавил дека неговите родители на и родителите на неговата сопруга им го договориле бракот во младоста, па поради тоа Асадулах го сакал истото и за својата ќерка.

Тој признал дека ја задавил својата ќерка во раните утрински часови на 28 Јануари, а неговата сопруга била до него и гледала.
Подоцна, го облекле нејзиното тело и со помош на инвалидска количка го смеситле во кола и го однеле во најблиската шума.

Нејзиното тело било откриено од сосема случајни минувачи кои веднаш пријавиле во полиција.
Како што изјавил нејзиниот татко, Лареб неколку ноќи не се вратила во својот дом и престанала да носи марама на главата.
„Еден ден добивме повик од полициската станица. Од таму ни кажаа дека ја фатиле нашпата ќерка како се обидела да украде презервативи. Тогаш ни беше веќе јасно дека таа има сексуални односи. Мојот сопруг го изгуби трпението“ – изјавила неговат сопруга.

Нејзините родители и забраниле да го напушта домот, но таа продолжила со скришното излегување и продолжила со состаноците со момчето во кое била заљубена.
Утрото пред да се случи убиството, нејзините родители ја испратиле нивната помала ќерка кај нивните роднини и помеѓу 2 и 3 часот по полноќ, нејзиниот татко влегол во собата на неговата ќерка и со своите раце ја задавил додека спиела.Муслиманското семејство го признало злосторството кое го извршило над нивната ќерка велејќи дека таа донела срам во нивниот дом кога ја затекнале к

Пронајдете не на следниве мрежи: