Хорор: Со нож ги избодел поранешната сопруга и нејзиниот татко

Едно лице е потешко и едно полесно повредено од нож во селото Дебреште, општина Долнени. Повредените се префрлени на хируршкото одделение во градската болница во Прилеп и потешко повредениот е во животна опасност. Полицијата во моментов трага по сторителот.Како што информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола, денеска околу пладне 46-годишниот Садем У. дошол во куќата на 80-годишниот Улмија У. и со нож го избодел, а потоа и неговата 41-годишна ќерка Мериде У.
Садем веднаш побегнал и полицијата трага по него. Тој е поранешен сопруг на Мериде и зет на Улмија од Дебреште.
Лекари од Итната медицинска помош кај селото Новоселани ги пресретнале роднините на двајцата повредени кои ги носеле во прилепската болница. Мериде има една, а нејзиниот татко Улмија четири убодни рани од нож и тој е во животна опасност.
Основен јавен обвинител се уште прави увид на местото на трагедијата во селото Дебреште, а полицијата трага по побегнатиот Садем У.Како што информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола, денеска околу пладне 46-годишниот Садем У. дошол во куќата на 80-годишниот Улмија У. и

Пронајдете не на следниве мрежи: