Членовите на Европскиот парламент Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан, кои посредуваа во напорите за постигнување на договорот од Пржино утре ќе ја посетат Македонија.Европратениците се очекува да одржат одвоени средби со лидерите на политичките партии потписници на договорот.
Вајгл, Ховит и Кукан, исто така, треба да се сретнат и со специјалната обвинителка Катица Јанева, како и со претставници на Државната изборна комисија.
Оваа тројка од Европарламентот, се смета дека ќе има задача да ги убеди партиите да се забрза усвојувањето на преостанатите обврски од договорот од Пржино и од итните реформски приоритети што ги препорача Европската комисија.
Во средината на месецот се очекува и доаѓањето на еврокомесарот за соседска политика и прегвоори за проширување Јохаес Хан. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, целта на посетата е да направи увид во напредокот од имплементирањето на точките од договорот во Пржино, како и на итните реформски приоритети што ги препорача Еврокомисијата.
-Потврдувам дека комесарот Хан ќе го посети Скопје во јануари, но немам датум. Причината е да направи проценка на ситуацијата, изјави портпаролката на неформалната влада на Европската унија, Кетрин Реј.Европратениците се очекува да одржат одвоени средби со лидерите на политичките партии потписници на договорот.
Вајгл, Ховит и Кукан, исто т