ХПВ вирусот: УБИЕЦ на новото време!

Многу луѓе сметаат дека дебелината и дијабетесот се најголемите убијци на новото време. Но, иако ова размислување е правилно, сепак во оваа група треба да се вброи и ХПВ вирусот. Тој е најчестата сексуално пренослива инфекција, и медицината до сега воопшто не го забави нејзиното ширење. Едно истражување во 2014 год. откри дека речиси 70% од луѓето во САД имаат ХПВ во некој облик.Жените треба да бидат особено внимателни во врска со овој вирус бидејќи е причинител на рак на матката. Еве што треба да знаете за да се заштитите:
-Постојат стотина различни видови на ХПВ вирусот: Овој вирус не се пренесува сексуално по секоја цена. Сега за сега идентификувани се околу 100 видови на овој вирус, а 40 од нив предизвикуваат генитални инфекции. Сепак, ова не треба да биде причина за паника, бидејќи некои видови не се опасни за луѓето, а и не водат сите до здравствени проблеми.
-Вакцинацијата од овој вирус не ги покрива сите видови: Иако на сите ни олесни кога во 2006 год. се појави вакцината против ХПВ вирусот, сепак нема гаранција за целосна ефикасност. Иако вакцината ги покрива најчестите видови на овој вирус, постојат и други што не се опфатени. Исто така, ефикасноста на вакцината трае околу 5 години. И покрај ова, вакцинирањето е апсолутно препорачливо, и значително го намалува ширењето на вирусот.
-Не постои ХПВ тест за мажи: Иако не е фер, сепак науката се уште не успеа да направи ваков тест. И не само тоа: Едно истражување во 2011 год. откри дека околу половина од мажите во САД, Мексико и Бразил имаат ХПВ. Бидејќи вирусот се пренесува по сексуален пат, но и со контакт кожа-на-кожа, па затоа кондомот не гарантира целосна заштита. Што можат да направат мажите? Се разбира дека нема да бидат задоволни со најлесното решение на ограничување на сексуалните партнери. Најдоброто решение е да се вакцинираат, а оптималната возраст е меѓу 21 и 26 години.

-Се манифестира на различни начини: Во некои од случаите вирусот се манифестира со појава на генитални брадавици. Добрите вести се дека овие видови на ХПВ се помалку опасни од оние што не се манифестираат на ваков начин. Поопасни од нив се видовите ХПВ 16 и ХПВ 18, бидејќи предизвикуваат промени во клетките што водат до појава на рак. Ако вашиот доктор забележи вакви промени, што најчесто се нарекуваат дисплазија, вашиот случај ќе потпадне под една од двете категории: Висок и низок ризик. Сепак, појавата на рак е можна и во оние со низок ризик. Понекогаш, ХПВ вирусот може и самиот да се повлече, благодарение на имуниот систем што го чисти вирусот пред да има шанса да предизвика компликации.
-НЕМА лек за вирусот: Како и грипот, ХПВ е вирус и не може да се излечи со антибиотици. Во вакви случаи, превенцијата е најдобра одбрна, Вакцинирањето и редовните гинеколошки прегледи многу влијаат на намалувањето на ризиците од заразувањето.
-Сепак, може да се преземат мерки: Иако нема магично апче за ослободување од ХПВ, можат да се преземат чекори за намалување на штетата. Жените што искусиле абнормални клеточни промени можат или да чекаат и да ја следат состојбата, или да одберат еден од четирите третмани. Пред да се решите на конкретни третмани, разговарајте со вашиот лекар. Бидејќи дисплазијата со низок ризик често се повлекува без лекување, чекањето може да е најдобрата опција. За оние што имаат генитални брадавици, постојат креми за третман, но и тие не гарантираат целосна ефикасност. И во овој случај разговорот со лекар е најдоброто нешто што може да се направи.Жените треба да бидат особено внимателни во врска со овој вирус бидејќи е причинител на рак на матката. Еве што треба да знаете за да се заштитите:

Пронајдете не на следниве мрежи: