Храм стар 5.000 години откриен во Перу

Група перуански археолози откри во археолошкото наоѓалиште „Параисо“, во околината на Лима, храм постар од 5.000 години, соопшти перуанското Министерство за култура.„Ова е многу важно откритие бидејќи сега е првпат пронајдена градба со таква структура на ова подрачје на Перу, што докажува дека подрачјето на Лима било центар на цивилизацијата на подрачјето на Андите“, изјави Рафаел Варон, заменик министер за култура.„Храмот на огнот“, како што го нарекоа археолозите, се наоѓа во едно крило на главната пирамида на комплексот Ел Парисо и во него се наоѓа печка која, според зборовите на првиот човек на истражувачката екипа Марк Гуилен, „служела за спалување на жртвите при што се верувало дека чадот овозможува поврзување на свештенството и боговите“.Храмот бил откриен минатиот месец кога беше отстранет слој од песок и камења што прекриваше некои делови од археолошкиот центар, во близина на Лима. Изграден е околу 3.000 години пред Исус Христос, што мора да се потврди со радиокарбонски анализи.Ел Параисо е најстар и најголем археолошки комплекс на подрачјето на Лима и опфаќа десет градби на подрачје од педесетина хектари.
МакфаксГрупа перуански археолози откри во археолошкото наоѓалиш

Пронајдете не на следниве мрежи: