Храната ќе поскапува за 40 отсто

Во својот извештај „Земјоделска прогноза 2013-2022“, ФАО изнесе драстични црни прогнози за глобалното производство и фрапантниот раст на цените на храната. 
Храната ќе поскапе за рекордни 40 отсто, прогнозира Организацијата на обединтети нации за храна и земјоделски производи. Поскапувањето е последица од зголемената побарувачка за храна. 
Во следниот период цените на храната ќе се зголемат од 10 до 40 отсто. Рапидно ќе расте цената на месото, а побавно на житарките. 
Оваа драстична промена во цената на храната, нема да ја заобиколи нашата земја. Ќе растат цените на храната, увозот, а ќе се одлеваат и девизите. 
Влијание на цените имаат и факторите што предизвикуваат се побавен раст на земјоделските производи, а тоа се намалените плодни површини, поскапото производство и проблемите со климата, стои во извештајот на ФАО и ОЕЦД.
Експертите предупредуваат, Владата да работи на зголемување на земјоделското производство.
Македонија од година во година станува се поголем зависник од увоз на храна.
Според последните статистички податоци, во првите десет месеци од 2012 во споредба со 2011 увозот на храна и живи животни се зголемил за 3,1%, а додека најголем пораст на увозот од 13,4% е забележан кај животинските и растителните масла. 
 
 

 
Во својот извештај „Земјоделска прогноза 2013-2022“, ФАО изнесе драстични црни прогнози за глобалното прои

Пронајдете не на следниве мрежи: