Хрват нуди бесплатен седумдневен одмор во Дубровник за цело семејство!

Хрватот Синиша Мештиќ на својот фејсбук профил нуди бесплатен седумдневен одмор во Дубровник во септември годинаваХрватот Синиша Мештиќ на својот фејсбук профил нуди бесплатен седумдневен одмор во Дубровник во септември годинава, пишува Дубровачки весник.
Тој и неговото семејство се во можност да примат мајка и две или три малолетни деца, а храната, сместувањето и трошоците за превозот во двата правци ќе им бидат обезбедени.
Мештриќ напоменува дека во обзир доаѓаат исклучиво семејства со многу тешка имотна состојба и дека предност имаат деца со бронхијални проблеми на кои промената на воздухот би им користела за здравствената состојба.

 
– Ова го пишувам на мојот ѕид во случај да некој од моите пријатели има предлог, се надевам дека оваа акција ќе се издигне на некое повисоко ниво. На пример, кај другите изнајмувачи на сместувања сите свои апартмани и соби да ги отпстат во период по сезоната на една недела на оние кои никогаш не би можеле сами да си дозволат, пишува Мештиќ.
Пријавите и предлозите можат да се испратат во инбокс на фејсбук или на емал  [email protected]. Дали понудата важи само за Хрватска или и за целиот регион не е наведено, но можете да проверите.
Во секој случај идејата на Мештиќ е доволна провокација за македонските туристички работници да ја применат неговата иницијатива и тука во Македонија.Хрватот Синиша Мештиќ на својот фејсбук профил нуди бесплатен седумдневен одмор во Дубровник во септември годинава, пишува Дубровачки

Пронајдете не на следниве мрежи: