Хрватска ќе ја следи Македонија во простувањето на долгови

Хрватска го копира македонскиот модел за отпис на долгови. Министерката за социјална политика и млади, Миланка Опачиќ, и министерот за финансии Борис Лаловац, седнаа на заедничка маса со хрватските банки и мобилни оператори. Побараа да им ги простат долговите на најсиромашните, кои борчат помалку од 10.000 куни (81.000 денари), кои не ги платиле во период од една година и се под закана за присилна наплата, пишува Лидер.
Министерката порача дека критериумите ќе бидат многу прецизно дефинирани и дека ќе биде елиминиран секој обид за манипулација
-Се разбира дека нема да им ги простиме долговите на оние кои имаат по два или три автомобили. Ние сакаме да им помогнеме само на оние кои едвај ја држат главата над вода, истакна Опачиќ.

Хрватската економија шеста година по ред е во рецесија, со ниту еден позитивен квартал.
Македонскиот модел за отпис на долгови сериозно е проучуван и од економистите во регионот. Според Василиј Костиќ од Црна Гора, оваа мерка носи поволни економски ефекти, и на индивидуален и на колективен план, иако во прв ред е социјална мерка. Според него, последиците од оваа мерка ќе бидат позитивни и за државата, и за нејзините граѓани, но и за банките кои би учествувале во овој проект.
-Импликациите од една ваква одлука повеќе се социјални, отколку економски, но не треба да се занемари социјалниот момент. Тој е многу важен за одржување на социјална кохезија на општествената заедница, а таму каде што државата води сметка за социјалната сигурност на своите граѓани, таквата заедница има поголеми шанси за напредок, во однос на оние кои тоа не го прават, изјавил Костиќ за медиумите од Црна Гора.
 
 Побараа да им ги простат долговите на најсиромашните, кои борчат помалку од 10.000 куни (81.000 денари), кои не ги платиле во период од една година

Пронајдете не на следниве мрежи: