Хрватските медиуми во паника го пренесоа текстот за наводното постоење на ХААРП систем за контрола на климата. Во целост ви ја пренесуваме репортажата за работата на овие машини и наводното криење на системот што се наоѓа на Петрова Гора.„Секојдневно сме сведоци на климатски промени како на локално, така и на глобално ниво. На пример, сувите листови што требаше да паднат од гранките уште во октомври, цврсто се држат и на најсилната бура кон крајот на април. Цвеќето што некогаш требаше да расцути само при најжешките летни горештини, денес цвета и во зима. Неретко, топлиот пролетен ден за неколку часа станува ладен и безживотен, за момент исчезнува црцорењето на птиците, животот умира, растенијата хибернираат…“ – пишува сајтот Дневно.хр и продолжува.
Неконтролираните поплави на некогаш пустински сувите предели носат животи со себе, а истовремено на другиот крај од светот некогашните житници не може да опстојат без форсираниот систем за наводнување. Два дена е неиздржливо топло, а неколку дена потоа температурите драстично паѓаат, а тоа влијае како на човекот, така и на растенијата и животните.
„Имаме дојава за локација на ХААРП во Хрватска! До неодамна можеше да се најде на Гугл Мапс, но потоа вештачки беше избришано со фотошоп пред извесно време! Мој неименуван колега ми ја пренесе оваа вест и рече дека со автомобил лично сакал да ја посети локацијата. Додека се приближуваше кон локацијата, од куќичката во близина излегоа војници коишто почнаа да го испитуваат и го вратија назад. Тој ги излажа дека се изгубил. За среќа, не беше уапсен!“
Системот се наоѓа во шума која е во сопственост на „Хрватски шуми“ во близина на Петрова Гора и Карловац. Јавноста слушна за системот ХААРП минатата година, кога Србија, Хрватска и БиХ драматично страдаа во поплави што одеднаш го уништија подрачјето. Дури и Македонија беше зафатена со обилни врнежи. Дождови во невидени количества врнеа по поплавените подрачја.
ХААРП претставува уред со сила од 1.7 GW, што преку сложен антенски состав може да емитува зраци во целното подрачје во јоносферата. На тој начин, се предизвикува затоплување во јоносферата која реагира со зрачење во подрачјето на долгите бранови должини кон Земјата, што може да предизвика глобални последици врз климата, растенијата, животните, а и луѓето!
Според зборовите на голем број научници, ХААРП системот и служи за менување на климата и уредување на временските неприлики по човечка волја. ХААРП системот е осмислен од самиот Никола Тесла и пред сѐ требаше да служи за доброто на човештвото, но е украден од моќните корпорации кои што сега го кројат светот по своја мера.„Секојдневно сме сведоци на климатски промени како на локално, така и на глобално ниво. На пример, сувите листови што требаше да паднат од гр