Резултатите од истражувањето кое го спроведе хрватскиот сајт, покажуваат дека испитаниците од Хрватска, во голема мера од останатите, се плашат за своето работно време, дури 45 проценти во однос на 36 проценти од испитаниците од Србија и 37 проценти од испитаниците од Босна и Херцеговина.
Истражувањето направено во соработка со порталите за огласување на работата во Босна и Херцеговина и Србија имаше за цел да утврди сличности и разлики на пазарот на работната сила во овие три земји.
Без обзир на кризата, 39 проценти од испитанците планираат да ја променат својата работа во текот на оваа година. Податокот е како што се наведува во хрватските медиуми, нешто пониско од претходните две години, кога 52 проценти од испитаниците планирале да ја променат работата. Луѓето од Србија сакале најмногу да ја променат работата, а најмалку Хрватите.
До крајот на оваа година поголемиот дел од испитаниците (71%) не очекуваат покачување на платата, ниту унапредување (73%). Оваа година покачување на платата добија 10 проценти од испитаниците, а унапредување само 7 проценти.
Во најголема мера, покачување на платата и унапредување очекуваат испитаниците од Босна и Херцеговина, а најмалку испитаниците од Хрватска.Истражувањето направено во соработка со порталите за огласување на работата во Босна и Херцеговина и Србија имаше за цел да утврди сличности и разл



