HTC го претстави првиот паметен телефон со вграден Facebook Home

Тајванскиот производител на мобилни телефони HTC го претстави првиот смартфон со оперативен систем Android – HTC First со вграден софтверски Facebook Home, кој овозможува прикажување на содржината и профилот на почетната позиција од екранот, рече на промоцијата во САД, извршниот директор на тајванската компанија, Питер Чу.

Како што се очекуваше, во четврток по американско време компанијата Facebook го претстави новиот паметен телефон на HTC на кој оперативен систем ќе биде, како што ја нарекоа американски медиуми – фејсбукоцентрична верзија на Android.
Подобрената интеграција на смартфон со Facebook е логичен чекор за оваа социјална мрежа која веќе подолг период се труд да ја унапреди својата присутност во мобилната телефонија и во неа повеќе да заработи преку огласувањето.
Единствено што од Facebook претходно по повеќегодишните шпекулации официјално објавија е најавата на нешто што има некаква врска со мобилниот оперативен систем Android на Google. Во поканата за новинарите за настан во организација на Facebook, беше наведено дека тие се поканети „да дојдат да го видат нашиот нов дом на Android”, во седиштето на компанијата во Менло Парк во сојузната американска држава Калифорнија.
Шпекулациите за телефонот на Facebook се шират веќе со години наназад, но директорот на компанијата Марк Цукенберг упорно тврдеше дека компанијата не работи на телефон и дека Facebook не сака да стане хардверска компанија.
Тие демантирања, меѓутоа со избрани зборови, и натаму стојат. А слуховите се покажаа вистините, со што се покажа дека Facebook не работел на правење телефон, туку дека само склучил партнерство со произведувач на телефони и се погрижил неговата услуга и апликациите да бидат на централното место од вообичаениот Android.
Во четвртокот, Марк Цукерберг го претстави софтверот, кој тој го нарекува „семејна апликација” – Facebook Home. Новитетот ја заменува главната страница и екранот со блокирање на мобилните Android уреди со облаче за Facebook, а испраќање порака се овозможува од секој апликација со користење на иконата Chat Heads. Смартфонот HTC First стана првиот уред во кој ќе биде инсталиран софтверот Facebook Home.
„HTC Frst е во прв ред социјален телефон. Тоа е оптимизиран за серија апликации Facebook Home и го користи исклучителниот дизајн на HTC”, рече Питер Чу.
Уредот ќе биде достапен во САД за 99 долари со ексклузивен договор со операторот AT&T од 12-ти април, а според операторот ќе биде поддржуван на стандардот LTE. Деталните спецификации на апратот, производителот сепак не ги откри.
Покрај HTC First, семејната апликација Facebook Home ќе биде достапна од 12-ти април и во онлајн продавниците Google Play за уредите HTC One X, HTC One X+, Samsung Galaxy S III и Samsung Galaxy Note II, а исто така се очекува да биде имплементиран и во HTC One и Samsung Galaxy S4. Во наредните месеци, Facebook планира да ја направи апликацијата Facebook Home и за други смартфони и таблети базирани на Android. Социјалната мрежа објави и серија препораки за инсталирање на Facebook Home на уредите. Корисникот може да го тестира интерфејсот Facebook Home пред неговото инсталирање.
Корисниците коишто ја следеа презентацијата се интересираа за заштита на нивните податоци на Facebook Home, особено во случај на губење или кражба на уредот. Покрај тоа, тие стравуваат од брзо трошење на батеријата кога се користи уредот во овој режим, како и можноста од емитирање реклами на Facebook на почетната страница на нивните паметни телефони. Месечно мобилните сервиси на Facebook ги користат речиси 680 милиони луѓе.
Тајванскиот производител на мобилни телефони HTC го претстави првиот смартфон со оперативен си

Пронајдете не на следниве мрежи: