Претставувањето на Huawei P9 Lite со нетрпение го очекуваа сопствениците на неговиот претходник – Huawei P8 Lite, како и оние корисници кои планираат да купат добар смартфон од средната класа.Смарт телефоните од “средната класа“ се исклучително иновативни уреди со конкурентни цени. Најдобар пример за овој тренд е Huawei P8 Lite, кој беше претставен во 2015 година со зачудувачки успех ширум Европа. Huawei P8 Lite буквално го снемуваше од полиците.
Целта на Huawei оваа година е особено амбициозна – да лансира телефон кој е уште подобар и посакуван. Се очекува Huawei P9 Lite да задоволи многу високи стандарди. Дали е доволно добар? – е прашање до чиј одговор може да се дојде преку споредба на двата модела.
Првото нешто што се забележува кога го држите P9 Lite во рака е дека телефонот е значително поголем. Ова се должи на 5.2 – инчниот дисплеј, додека кај P8 Lite екранот беше 5 – инчен. Поголемиот екран на P9 Lite е и со подобра резолуција – full HD, најмногу оптимална резолуција за модерните смартфони на Huawei. Исто така, корисниците ќе ценат што дисплејот на новиот модел има дополнителната заштита обезбена со најновата верзија на супертврдо стакло Corning Gorilla Glass 4. Веднаш по првиот контакт со P9 Lite забележливи се неверојатните хардверски карактеристики на телефонот. Уредот е речиси идентичен со P9, но цената е значително пониска во споредба со предводникот.
Одлична карактеристика, поврзана со хардверот, е одност на екранот со телото на P9 Lite – а тоа е 76,4% , што знали дека декоративните рамки околу екранот се многу тенки и не заземаат непотребно простор. Телефонот е достапен во три бои: бела, црна и златна. Интересно е дека и покрај големиот екран и големината на телото, тежината на P9 Lite не се менува многу во споредба со P8 Lite.
Уредот е навистина лесен со само 147 грама, а куќиштето е потенко и изнесува само 7.5 мм. Телефонот има батерија со моќност 3000 mAh, 1.3 пати повеќе во споредба со P8 Lite. Покрај тоа, потрошувачката на енергија на P9 Lite се контролира од оригиналната платформа на SmartPower 4.0. Секој корисник може да избере рачно еден од трите понудени режими: перформанс, смарт или ултра – енерго сејвер. Последната опција помага во случаи кога телефонот е во состојба да мора да издржи повеќе време без надополнување.
Ова не се само маркетинг тврдења – ултра-енерго сејверот на P9 Lite го продолжува животот на батерија за речиси 100%. P9 Lite доаѓа и со моќен процесор. Смартфонот поддржува модерен чипсет, развиен врз основа на 16 – nm технологија. Процесорот е HiSilicon Kirin 650, дизајниран со главен приоритет кон енергетската ефикасност. Во однос на останатите важни параметри телефонот нуди 2 GB RAM и 16 GB вградена меморија за складирање на податоци, апликации и мултимедијални датотеки. Меморијата може лесно да се прошири преку Micro SD картичка. Читачот на отпечатоци гарантира безбедност на податоците на корисникот, а самото скенирање на отпечатоците е обезбедено преку модерната технологија ARM TrustZone.
Една од најголемите предности на Huawei P9 Lite е камерата. Квалитетот на сликите и видеата е навистина исклучителен, каков што досега беше карактеристичен само за премум смартфони. Камерата на Huawei P9 Lite има и PRO опција за снимање, што ќе ги задоволи и најпребирливите ентузијасти. Тие ќе можат рачно да ја контролираат рачно експозицијата на сликата, чувствителноста на ISO и балансот на белата боја.
Кога станува збор за видео и камера, Huawei P9 Lite се одликува со совршен квалитет на оптичка стабилизација на сликата (OIS ). Дури и при лоши светлосни услови нема да е потребно да се користи дополнителен статив за да добиете пријатни кадри. Оние кои претпочитаат оперативен систем Android ќе бидат импресионирани од Huawei P9 Lite. Тие ќе имаат можност да ја користат најновата верзија на оперативниот систем со најновиот EMUI 4.1 интерфејс.
Android 6.0 Marshmallow работи неверојатно брзо , а и импресионира со својот изглед. Разновидност на атрактивни теми, часовник, прогноза за времето и следење на здравјето се важни детали кои ќе одговорат на очекувањата на корисниците. Исто така, Huawei го олесни животот на оние кои користат секојдневно два телефони, бидејќи P9 Lite има два слота за SIM картички.
Во краток преглед, Huawei P9 Lite има моќен процесор кој овозможува корисниците да уживаат во најновите игри и придонесува за брзо отворање на апликациите. Оние кои користат две SIM картички, ќе можат да се простат со двата телефони и да ги заменат со еден, при тоа со елегантен и убав дизајн. Моќната батеријата на P9 Lite значи помалку грижи, а камерата му дава сеопфатен завршеток на телефонот.Смарт телефоните од “средната класа“ се исклучително иновативни уреди со конкурентни цени. Најдобар пример за овој тренд е Huawei P8 Li