Хуманитарен базар во општина Кисела Вода за лекување на болно детенце

Општина Кисела Вода, преку Одделението за предучилишно воспитување, заедно со двете јавни детски градинки од истата општина, ЈДГ„Весели Цветови“ и ЈДГ„ 8 март“, во текот на изминатите два месеци организираше повеќе различни хуманитарни акции.Реализацијата на овие настани продолжува и во текот на месец декември, во вид на Новогодишни базари. Под мотото “Да им се помогне на оние на кој тоа им е најпотребно“, се собраа парични средства наменети за четиригодишната Јана Грковска, на која овие средства и се потребни за нејзино лекување во Р. Германија.
На денешниот целодневен новогодишен базар во ЈДГ„ 8 март“во објектот Расадник беше присутна и малата Јана заедно со своите родители.
На иницијативата на раководителот на Одделението за предучилишно воспитување при општина Кисела Вода, одговорија и вработените и директорките од двете градинки, но и многу хумани дечиња и нивните родители.Реализацијата на овие настани продолжува и во текот на месец декември, во вид на Новогодишни базари. Под мотото “Да им се помогне на оние на

Пронајдете не на следниве мрежи: