Со низа спортски натпревари, виќендов беше означен почетокот по повод отворањето на новата сала во ООУ „Добре Јованоски“. Прилепските училишта и спортски клубови имаа организирани натпревари во кошарка, ракомет и одбојка, а ревијален натпревар се одиграа меѓу фудбалскиот клуб „Победа“ против ромскиот фудбалскиот клуб „Пролетер“ од Прилеп.Настанот имаше и хуманитарен карактер. Средствата кои ќе бидат собрани од спортскиот хепениниг ќе бидат наменети за помош на едно ромско семејство.
Имено, спортската сала беше отворена минатата недела, во присуство на заменик министерот за образование Спиро Ристовски, директоката на ОУ Виолета Лашкоска и градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески. Спортската сала во ООУ „Добре Јованоски” e четврта училишна сала која се изгради во Прилеп, како дел од проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 145 училишни сали.Настанот имаше и хуманитарен карактер. Средствата кои ќе бидат собрани од спортскиот хепениниг ќе бидат наменети за помош на едно ромско семејство.