Хуманитарна акција за настраданите во поплавите организира ОК ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода

Отворени се вратите на штабовите на ВМРО ДПМНЕ во општина Кисела Вода за помош на загрозените семејства од поплавите по големото невреме што синоќа го зафати градот Скопје.Во организација на Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ-Кисела Вода, предводен од Претседателот Трајче Донев, Унијата на млади сили –Кисела Вода и  Унијата на жени-Кисела Вода вечерва до 21 часот и утре во тек на целиот ден-од 09 до 21 часот, хуманите граѓани можат да донираат флаширана вода, конзервирана храна, храна за бебиња, дезинфекциски средства и средства за лична хигиена, облека, ќебиња и сето она што може да им помогне на жителите Скопје кои претрпеа огромни штети од поплавите.
Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ-Кисела Вода ги повикува сите граѓани да ја покажат својата хуманост и масовно да и се приклучат на оваа хуманитарна акција. Сите заедно да се приклучиме и да им помогнеме на нашите сограѓани и соседи на кои во моментов помошта им е неопходна!.Во организација на Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ-Кисела Вода, предводен од Претседателот Трајче Донев, Унијата на млади сили –Кисела Вода

Пронајдете не на следниве мрежи: