четврток, 12 ноември 2026
Најново

Хуманитарна помош за старите и изнемоштени лица во Македонска Каменица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Општина Македонска Каменица денеска додели пакети со храна и средства за лична хигиена на стари и изнемоштени лица.Градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митевски, кој лично беше во посета на старите лица, истакна дека оваа практика општината ја спроведува веќе трета година.
– Скромните подароци што им беа подарени на овие изнемоштени лица се само симболика на огромната грижа и залагање на Општината во подобрувањето на условите и квалитетот за живот на сите, а посебно за најранливите категории на граѓани. Денешната посета на стари и изнемоштени лица е една од многуте активности кои се реализираат благодарение на одличната соработка помеѓу општина Македонска Каменица и Здружението на пензионери, рече Митевски.
Во рамките на социјалната програма, Каменица во соработка со рудникот Саса, годишно дели околу 1.000 пакети од кои 250 се хуманитарни за ранливите категории, лица со пречки во развојот, социјални случаи, како и стари и изнемоштени лица, додека другите пакети се новогодишни и наменети за децата од градинката и основното училиште.Градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митевски, кој лично беше во посета на старите лица, истакна дека оваа практика општината ја спроведув

Поврзани вести