ХУМАНИТЕ КАРПОШАНИ ДОНИРАА ЗА СВОИТЕ СОСЕДИ

Во организација на Одделението за социјална, детска и здравствена заштита при Општина Карпош, овој викенд се одржува седумнаесетатта хуманитарната празнична акција „Да бидеме хумани за нашите соседи“. Карпошани ја покажаа својата хуманост и  донираа трајни производи и средства за хигиена, за барем малку, социјално загрозените граѓани на Карпош, да ја почуствуваат новогодишната и божиќната атмосфера и на нивната трпеза. Првиот човек на општината, градоначалникот Стевчо Јакимовски, ја подари својата донација токму на дел од социјалните семејства.
– Јас утрово дел од продуктите кои ги купував за мене, ги поделив токму за граѓаните кои се наоѓаат во малку потешка финансиска состојба. Покрај тоа што јас донирав средства, вработените во Општина Карпош како и самата локална самоуправа, го даде својот придонес за жителите да почуствуваат празнична трпеза. Се надевам дека и овој пат ќе собереме над 100-на пакети за нашите сограѓани. Оваа акција ја правиме за Денот на општината, за Новогодишните и Божиќните празници и за Велигднеските празници. Покрај тоа што издвојуваме финансиски средства за поддршка на социјално загрозените семејства, настојуваме и на ваков начин да ја ублажиме нивната криза, со надеж дека наредната година ќе биде подобра и побериќетна – истакна Јакимовски и апелираше до сите граѓани кои се во можност, додека купуваат за себе да донираат барем еден производ кој ќе биде од големо значење за нивните соседи кои се наоѓаат во социјално загрозена состојба.
Традиционалната акција продолжува и утре, пред поголемите супермаркети на теритрорија на Општина Карпош.Карпошани ја покажаа својата хуманост и  донираа трајни производи и средства за хигиена, за барем малку, социјално загрозените граѓани на Карп

Пронајдете не на следниве мрежи: