Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство го најавува објавувањето на романот „Смртта вози ауди“ од Кристијан Банг Фос. Романот се движи помеѓу црн хумор и лирски поглед на пеколот. Книгата е добитничка на Европската книжевна награда во 2013 година. Преводот на македонски е на Лара Крстева-Ичокаева.Херојот на овој роман работи во маркетинг-агенција и живее со Сара и со нејзината ќерка. Еден ден добива задача да направи постер, но бидејќи нема време да користи оригинална фотографија, „позајмува“, и тоа од интернет. Излегува дека е тоа лоша идеја. Ги губи работата и девојката, почнува да пие, не оди на интервјуа за работа и наскоро банкротира. Во таква ситуација, Асгер прифаќа да се грижи за еден болен младич по име Валдемар, кој сака да отиде кај исцелител во Мароко. Иако е скептичен околу патувањето, Асгер ќе му помогне да најдат пари. Тргнуваат на патување низ Европа кон Африка и откриваат дека ги следи црно „ауди“.
Како што се приближуваат до Мароко, патувањето буквално се претвора во трка со смртта. Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Кристијан Банг Фос (1977) е дански писател. Ги почнал студиите по математика и по физика, но дипломирал на Академијата за дански писатели во 2003 година. Првиот роман му е објавен следната година и ги импресионирал критичарите со стилот и со описот на навидум секојдневни настани. Лара Крстева-Ичокаева е родена 1971 година во Скопје.
Завршила гимназија во Еснес, Данска. Дипломирала германски и француски јазик и литература во Загреб, Хрватска. Магистрирала во Женева, Швајцарија, на тема од областа на современата француска литература. Има мастер и од деловно право. Работи како раководител на Германската стопанска комора во Република Македонија. Преведува од дански, германски, француски, српски и од хрватски јазик.Херојот на овој роман работи во маркетинг-агенција и живее со Сара и со нејзината ќерка. Еден ден добива задача да направи постер, но бидејќи нема