И автохтоната Банка „Вардар“ во Скопје преку акционерскиот капитал била поврзана со фамилијата Ротшилд

Поради повеќе поврзани и објавени текстови на порталот Пулс 24 со семејството Ротшилд, се решив да укажам на тоа дека Ротшилдови,  уште пред повеќе од 90 години делувале во Македонија. Странскиот капитал, скриен зад акционерскиот капитал се јавувал како сопственик на повеќето банки во земјата. Огромно влијание во самиот банкарски систем секако имале и Евреите кои успеале да се поврзат со светските банкарски еврејски заедници а потоа и да го преземат влијанието односно да станат лидери во југословенското банкарство во 20 век. Па така економскиот стручњак Љубомир Косијер има изјавено дека главниот дел од трговијата го држат Евреите, кои имале преку 70 проценти од извозот, со тоа што и увозот бил во нивни раце. Македонија, а посебно во Скопје, како банка која важела како домашна, била трговско-индустриската банка „Вардар“. Во оваа банка како главни акционери се јавувале, Трајко Хаџи Бошков трговец од Скопје, Бенвенисти Камхи, Младен Поповиќ,  Хаџи Васил Поповиќ, Милан Чемерегиќ и како акционер и директор Јосиф Арије. Основана е на 15 април 1920 година со основен капитал од 3.000.000 динари поделени во 30.000 акции од по 100 динари. По 1918 година Скопје имало потреба за формирање на кредитна институција. По иницијатива на директорот Јосиф Арије, инаку претставник на еврејскиот капитал во Македонија, тогаш познат банкар во Скопје, заедно со неколку скопски трговци ја основале Трговско-индустриската банка-Вардар. Од почетниот капитал при самото отворање веднаш биле уплатени 40% од предвидениот капитал, додека остатокот се уплаќал сè до 1921 година.   Во 1926  година  нејзиниот капитал пораснал од 10.000.000 на 15.000.000 динари. Така во Скопје се создала една банкарска институција која можела веќе да се мери со поголемите банки во земјата.Големите случувања од странство, економските нарушувања, падот на големите банки ја смениле ситуацијата и во Македонија. Годините од големата економска криза (1931-1934) кои ќе бидат најтешки за банкарството и за банката Вардар, со помош на директорот Јосиф Арија успеал да ја зачува работата на оваа банка. По неговата смрт во 1936 година како главен акционер и раководител веќе во работењето на банката целосно била навлезена”Југословенската удружена банка” која пак била во сопственост на “Италиана комерциале” од Милано- денешната позната банка “Intesa” и банката на Анселм Саломон фон Ротшилд од Виена “CreditanstaltBankverein” сега веќе дел од банката “УНИ Кредит”. Инаку баронот Анселм Саломон фон Ротшилд бил австриски банкар, основач на банката”Кредитаншталт”, и претставник на филијалата на семејството Ротшилдво Виена.
 
 
 
Васко Дукмеџиев
од книгата “Економската состојба во Македонија за време на Кралството на Југославија(1929-1941)”Странскиот капитал, скриен зад акционерскиот капитал се јавувал како сопственик на повеќето банки во земјата. Огромно влијание во самиот банкарски

Пронајдете не на следниве мрежи: