И модата заслужува правда – гледајте „Style by Jury“ на TLC

Серијалот „Style by Jury“ кој започнува да се емитува од среда. 16 декември во 20.30ч. на TLC, ни ги прикажува жените кои се „тужени“ од нивните роднини и пријатели за кршење на сите модни правила.Несоодветна облека за годините или работата, занемарување на својот изглед по сите точки се предизвикот за стилистите Луиз Роу и Престон Конрад. Поротата составена од странци ќе понудат искрено гледиште за избраните жени.
Потоа тие преоѓаат во рацете на стилистите за потполна преобразба. Секоја епизода ни прикажува впечатлива и интересна лекција преку која кандидатките учат како треба да изгледаат, како да ја прилагодат облеката на нивното тело и најважно-нивната самодоверба, која често заради изгледот е на многу ниско ниво.
Дополнително, секоја од нив ќе помине серија третмани за коса, тело и лице. На крај се соочуваат со порота која треба да го сподели мислењето за нивниот нов изглед.
Каква ќе биде пресудата?
Несоодветна облека за годините или работата, занемарување на својот изглед по сите точки се предизвикот за стилистите Луиз Роу и Престон Конрад. По

Пронајдете не на следниве мрежи: