Со анализирање на податоци за годови на дрвата во изминатите 2.000 години во Европа и Азија, научниците од Швајцарскиот федерален институт за шуми, снег и околина ги утврдија точните летни температури за секоја година.Имено, научниците можат точно да ги пресметаат температурите врз основа на анализата на ширењето на годовите кај старите дрвја.
Тие на тој начин откриле дека во 6. век дошло до пад на температурите од околу 3°C во просек.
Улф Бинтген, кој е главен истражувач на овој проект, изјави: „Ова беше најдраматичното заладување на северната хемисфера во последните 2.000 години“.
Тие веруваат дека до оваа промена на климата дошло поради три вулкански ерупции кои што се случиле во 536., 540. и 547. година од новата ера.
Тимот го нарече овој период Доцно античко мини ледено доба.
Научниците веруваат дека токму овој период допринесе за ширењето болести и глад во светот.
Тие истакнале дека до Јустинијанската чума, која однесе неколку милиони животи и допринесе за пад на Источното Римско Царство, дојде некаде помеѓу 541. и 543. година од новата ера.
Овој ладен период, исто така му овозможи на Арапското царство да се прошири на Блискиот исток бидејќи арапскиот полустров добивал повеќе дожд, па со самото тоа Арапите имале повеќе храна и потенцијал да создадат поголема војска.
Исто така, голем број луѓе мигрирале на исток кон Кина за да избегаат од гладот и болестите, што доведе и до драматични промени во Азија.
Се појавиле тензии помеѓу номадските групи и кинеските староседелци, што потоа довело до формирање сојуз на Кинезите со источните Римјани, но и до освојување на Персија.
Истражувачите велат дека би можеле да научиме нешто од овие ефекти предизвикани од климатските промени во древните времиња, посебно во смисла на решавање на проблемот со глобалното загревање.
Професор Бинтген истакна: „Можеме да научиме нешто од брзината и размерот на трансформациите кои што се случија во тоа време“.Имено, научниците можат точно да ги пресметаат температурите врз основа на анализата на ширењето на годовите кај старите дрвја.
Тие на тој