И подметнал апчиња за абортус на девојката за да не дознае другата дека ја изневерува

Џон Велден (28) од Флорида и дал на својата тогашна девојка Реми Џо Ли (27) апчиња за кои тврдел дека се антибиотици, а всушност предизвикале абортус. Тоа го сторил бидејќи се плашел дека неговата друга девојка ќе дознае за бременоста. Велден пред судот признал дека го фалсификувал потписот на својот татко кој работи како гинеколог и така набавил апчиња кои предизвикале абортус.
Потоа на нивното пакување залепил етикета од антибиотици и ја убедил девојката да ги испие во вториот месец од бременоста.

Тој ја признал вината и осуден е на скоро 14 години затвор. Судијата заклучил: „На Велден не му е жал и правел ужасни работи“.
Абортусот се случил по седум години врска со обвинетиот. Тој во исто време бил во пет -годишна врска со друга девојка по име Тара.
Кога дознала за неверството и зло – делото на своето момче, Тара прекинала секаков контакт со него. 
Велден пред судот признал дека го фалсификувал потписот на својот татко кој работи како гинеколог и така набавил апчиња кои предизвикале абортус.

Пронајдете не на следниве мрежи: