Општина Кисела Вода започна со изведба на проект за партерно уредување на тротоари на ул.„Милан Мијалковиќ“ во населбата Пржино.Претседателот на Советот на општината Трајче Донев заедно со дел од советниците, денес присуствуваше на отпочнувањето на градежните работи кои ќе траат во наредните месец и половина.
На потегот помеѓу улицата „Кочанска“ до улицата „Пржино“, ќе се изведуваат тротоари од двете страни на улицата со павер елементи кои ќе ги содржат сите потребни слоеви – тампонски слој од дробен камен и подлога од песок – ризла.
Согласно проектот, тротоарите ќе имаат ширина од 2 метра и ќе бидат оивичени со бетонски рабници. Се работи за инвестиција на општина Кисела Вода во вредност од околу 3 милиони и 200 000 денари.
И овој проект, како и проектот за реконструкција на тротоарите на улицата „Рилски конгрес“ во Црниче, кој отпочна минатата седмица, е дел од програмата на општина Кисела Вода и дел од буџетот усвоен за 2016 и треба да биде завршен до крајот на месец март.Претседателот на Советот на општината Трајче Донев заедно со дел од советниците, денес присуствуваше на отпочнувањето на градежните работи кои ќе т