И во второто гласање во Италија не е избран претседател

Без резултат мина и второто гласање за претседател на Италија, спроведено денеска во италијанскиот Парламент, пренесе ТАСС.Како и при вчерашното гласање, повеќето пратеници предадоа празни ливчиња. Во првото и второто гласање, одржани вчера и денеска, ниту еден од кандидатите не успеа да добе најмалку 673 гласови, колку што се потребни за победа.
Според италијанскиот Устав, претседателот на државата го избираат 1.009 народни претставници. Нив ги сочинуваат сите членови на двата дома на Парламентот во Рим, како и избрани претставници од 58-те италијански региони.
Тие гласаат во три изборни круга во кои е потребно двотретинско мнозинство за избор на претседател. Доколку по трите гласања, ниту еден кандидат не обезбеди такво мнозинство, се одржува и четврти круг, кога за победа е потребно просто мнозинство или 505 гласа.
Ренци засега со сигурност може да смета на 400 гласа, па во серијата преговори со партиите во Парламентот се обидува да обезбеди барем уште 105 гласови, за да може уставниот судија Серџо Матарела да стане нов претседател на Италија.
Следниот круг е денеска попладне и најверојатно ниту тогаш нема да биде избран претседател.
Против кандидатурата на Матерал се конзервативците, предводени од поранешниот премиер Силвио Берлускони.Како и при вчерашното гласање, повеќето пратеници предадоа празни ливчиња. Во првото и второто гласање, одржани вчера и денеска, ниту еден од

Пронајдете не на следниве мрежи: