Идентификацијата на жртвите од паднатиот авион заврши

Завршена е идентификацијата на телата на загинатите во несреќата со урнатиот италијански „пајпер“. Од Институтот за судска медицина потврдија дека се работи за лицата чии идентитет веќе беше објавен.Според процедурите, земен е ДНК материјал од роднините кој бил спореден со жртвите, бидејќи телата имале многу механички повреди од падот на авионот. Претходната вечер, судска медицина ја заврши и обдукцијата на починатите во авионската несреќа кај Кожле, со што нивната работа е завршена, документите се предадени на семејствата, а резултатите на Обвинителството.
Претседателот на Комитетот за истражување авионски несреќи, Сотир Костов за ТВ Нова вели дека не треба да се шпекулира за причините кои довеле до несреќата и додава дека посадата на авионот не пријавила никаков проблем, но лошите временски услови најверојатно се една од причините за уривањето на италијанскиот „пајпер“ во близина на Кожле.Според процедурите, земен е ДНК материјал од роднините кој бил спореден со жртвите, бидејќи телата имале многу механички повреди од падот на авионо

Пронајдете не на следниве мрежи: