Идентификуван киднаперот во Сиднеј!

Вооружениот маж што веќе 15 часа држи во заложништво вработени и посетители на едно кафуле во Сиднеј е идентификуван како ирански бегалец Ман Харон Монис.Монис, кој самиот се нарекува шеик, бил осуден за сексуални напади и познат е по тоа што испраќал писма со пораки на омраза до австралиските војници што се борат во Авганистан.
– Сега веќе нема оперативни причини името да го чуваме за себе – изјави анонимен полициски претставник.
Киднаперот, претходно, предупреди дека во кафулето се поставени две бомби, а во центарот на градот уште две, па побарал и да му биде доставено знаме на Исламската држава и да разговара со австралискиот премиер Тони Абот.
Компанијата „Линт“, во чија сопственост е кафичот, соопшти дека најверојатно во објектот се наоѓаат десет вработени и 30 гости.
Според локалните медиуми, досега шест лице истрчале од кафулето. Најпрво излегле тројца мажи, речиси шест часа од почетокот на кризата, а околу еден час подоцна и три жени. Не е познато дали тие успеале да избегаат или нив ги ослободил напаѓачот.
Телевизијата „Канал 10“ објави дека нејзини репортери разговарале со двајца киднапирни во кафулето „Линт“, кои изјавиле дека киднаперот има серија барања. Според нив, поставени се четири бомби, две внатре во кафулето и други две во бизнис центар во Сиднеј, се наведува на профилот на телевизијата на „Твитер“.
Засега нема потврда од полицијата за барањата на киднаперот. Централниот плоштад во Сиднеј е евакуиран, а повеќе стотина полицајци го држат под опасада кафулето-продавница за чоколади „Линт“, на чиј прозор е поставено црно знаме со бели арапски букви.
Според очевидци, станува збор за знамето „шахада“, на исламската афирмација на верата и исламот, на кое пишува „Не постои Бог освен Алах, Мохамед е божји гласник“.
Вработените од околните канцеларии се евакуирани, а полицијата ги повика граѓаните да останат во своите домови и да не излегуваат на прозорците. Просторот околу кафулето е целосно опкружен од полиција.
Заменикот на полицискиот комесар на државата Нов Јужен Велс, Кетрин Берн, изјави дека полициски преговарачи воспоставиле контакт со киднаперот, но и дека сѐ уште не е познат мотивот за нападот.
Воздушниот сообраќај над Сиднеј е затворен поради можна евентуална интервенција на хеликоптерски единци на полицијата.
Австралиската влада претходно предупреди на опасост од напади од џихадисти кои се враќаат во земјата од Ирак и од Сирија.Монис, кој самиот се нарекува шеик, бил осуден за сексуални напади и познат е по тоа што испраќал писма со пораки на омраза до австралиските војниц

Пронајдете не на следниве мрежи: