IFFHS: Барселона повеќе не е најдобра на светот

Барселона, по 22 месеци повеќе не е најдобриот светски клуб, на листата која ја објавува Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (IFFHS).

По поразите од Милан и Реал Мадрид, Барселона од првото падна на петтото место на листата, додека на првото место се искачи сеуште актуелниот европски првак Челзи. На второто место на листата се наоѓа Атлетико Мадрид, победникот на европскиот Суперкуп, минхенски Баерн е на третото место, а пред Барселона се наоѓа и актуелниот светски клупски првак, Коринтијанс. Во втората половина од Топ 10 листата на IFFHS се наоѓаат Бока Јуниорс, Реал Мадрид, Јувентус, Интер и Сао Паоло. Од македонските екипи на оваа листа најдобро е рангирана екипата на Ренова, која заедно со Сарагоса, Ривер Плејт и Малиен де Банко од Мали го дели 213-то место. Македонскиот шампион Вардар на оваа листа е позициониран на 367-то место заедно со Херенвен, Кашима и романската Конкордиа.
Макфакс
Барселона, по 22 месеци повеќе не е најдобриот светски клуб, на листата која ја објавува Меѓун

Пронајдете не на следниве мрежи: