Иги Поп: Автентично се трошев

Четириесет година откако британскиот фотограф Мик Рок ги направи фотографиите на Иги Поп кои се ставени на предната и задната страна на третиот студиски албум на неговата група The Stooges, со наслов Raw Power. Легендата на рокот познат како еден основачите на панк рок музиката или како „кумот на рокот“ вели дека живеел многу раскалашено за да постигне таков „автентично истрошен изглед“.
„Во она време многу се трошев, изгледот е автентичен“, вели Иги Поп во ексклузивното интервју за британскиот весник The Independent по повод излегувањето на лимитираната едиција на уметничките фотографии на Мик Рок на кои е Иги Поп во целата негова сценска помпезност по повод одбележувањето на 40-годишнитната од покавувањето на албумот „Raw Powe“. Фотографиите се дополнети со текстовите на песните и автограми на Иги Поп и Мук Рок, а ќе бидат достапни од 20-ти април на мрежните страници на британскиот издавач „Foruli“.
„Прво ги споивме стиховите и фотографиите, а ме бараат уште и да ги потпишам, но им реков дека прво сакам да видам одредено количество пари во просторијата, та што целата работа има и трезвено егзистенцијално ниво“, вели Иги Поп, одговарајќи на прашањето како човекот кој стана синоним за енергични диви сценски настапи и раскалашен начин на живот го минал патот од тоа до лимитирана едиција на уметнички фотографии со негов потпис.
Фотографиите настанале во лондонскиот ноќен клуб „Scala“ и во „валкана дупка во подрум под урнатини на зграда во Фулам“ каде бендот имал проби. “Мик ќе донесеше три или четири алуминиумски рефлектори и еден фотоапарат, а ние ќе му ги покажавме нашите бубуличави карактери“, го опишува музичарот настанувањето на легендарната серија фотографии.
Сѐ уште не мие туѓ младиот човек со оган во очите на тие фотографии, истакнува Иги Поп. „Дури сега помалку почнувам да го губам неговото чувство за животна мисија на камиказе, Тогаш навистина верував дека морам да го изменам светот, и со меч ако биде потребно, и веројатно, според тоа, попатно требаше на овој или на оној начин да го загубам животот“, додава легендарниот музичар.
Во тој период бендот живеел во западен Лондон, бидејќи ли и нивниот обожавател и пријател славниот Дејвид Бови им предложил да си ја испробаат среќата во Велиак Британија откако Иги Поп го изгубил договорот со американската дискографска куќа „Electra“.
“Живеевме во Фулам и ќе вклучевме телевизор или радио кои не бомбардираа со секакви музички ужаси. Сѐ беше така поставено да ништо па макари и малку добро не можеше да мине. Затоа имавме мисија – делумно да ги поттикнеме другите, а делумно и самите нешто да оствариме. Знаев кој сакам да бидам, како сакам да изгледам, како сакам да звучам и сето тоа немаше никаков врска со тоа што немав пари“, вели Иги Поп.
Историскиот документ од тоа време е албумот „Raw Power“ кој е резултат на животниот период кој Иги Поп го опишува како „време кога бев, ужасна, одвратна, деструктивна будала на его трип, во сребрени кожени панталони“.
Панталоните, вели, одамна ги разменил за дрога. Не жали поради тоа, бодејќи „важно е она што е во панталоните“. Сепак, денес повеќе ни во лудило не би можел да ги изведува акробациите кои Мик Рок ги овековечи на своите фотографии. „Уште од доцните 1990-те бев доста флексибилен. Но повеќе не сум, откако EMI и Virgin почнаа да ги издаваат сите тие компилации и филмови и од кога мојата музика почнаа да ја користат корпорациите, а јас почнав да се појавува на радијата. Тогаш се претвори во крут, стар труп“, вели уште Иги Поп.
„Ми се чини дека помалку се приближувам на нешто што јас сакам да го нарекувам ’моментот на Тед Тарнер’, а тоа е кога имате некој којшто сторил нешто а тоа нешто полека се претвора во институција и тогаш ток кој тоа го створил станува само пречка. Сакам да кажам дека денес можеби е позабавно да гледате некоја моја стара фотографија отколку некои нова Иако фустаните сѐ уште добро ми стојат“, додава Иги Поп.
Што се однесува до албумот „Raw Power“, тој можеби и има шанса повторно д аго затресе светот. „Никогаш тој албум не ми беше јасен,. Додека го снимавме, знаев дека е нешто посебно. Од друга страна, по една година од објавувањето се најде во кошницата на евтини плочи во една холивудска секонд-хенд продавница Сешто мина и навистина би ме занимало да знам што за него мислат, на пример, во Магреб (во најшироката смисла на терминот арапските земји северно од Сахара и западно од Нил –з.р.)“, вели музичарот
Иги Поп и The Stooges во моментов го снимаат новиот албум кој излегува на 22-ри април, еден ден по неговиот 66-ти роденден. Размислува да го крсти „Ready to Die“ (Подготвен да умре). „Има енергија, но е поинаков, некако е малку постар“, објаснува Џејмс Њуел Остерберг помладиот, како што гласи вистинското име на овој е американски рок пејач, текстописец и повремено актер познат по уметничкиот псевдоним Иги Поп.
Иги Поп и The Stooges, легендите на светската музичка сцена во чија срж секогаш се наоѓа вистинскиот и оригинален панк рок, неверојатна и неисцрпна енергија, инвентивност, креативност и уметничка бескомпромисност, летово ќе може да ги проследиме во живо на 24-ти јуни кога ќе настапат на INmusic фестивалот во хрватската престолнина Загреб.
МакфаксЧетириесет година откако британскиот фотогр

Пронајдете не на следниве мрежи: