Мало дело со топли приказни од нашата Мјаукедонија кое ќе ве насмее со уникатната и неповторлива смисла за хумор на Џамбазов. На моменти ќе ве однесе во светот на фантазијата и потоа силно ќе ве мавне со реалноста по чело. Книга чиишто страни ќе ви прелетаат низ прсти за еден ден. „Приказни од Мјаукедонија“ е спој на критики за општествените појави, исмејување одредени карактеристики на мјаукедонскиот и светскиот човек, но пред сè е дело со силна критика на самиот себеси (авторот). Преку Емилија Џамбазова, со уметничко име Бавчанска, тој ги искажува своите мислења и ставови и сака да ни пренесе дека ние, луѓето, само мислиме дека контролираме сè.
Емилија е мачка… Посебна мачка во секој поглед. А најважно од сè – миленичка на Игор Џамбазов. Прва мачка во Мјаукедонија, а и во светот, која издала дневник со своите мемоари.
„Еднаш се живее, и тоа девет пати“ , пишува Емилија Џамбазова-Бавчанска од радовишките бавчи. Провинцијалка која се соочува со згодите и незгодите на главниот град…
„Приказни од Мјаукедонија“ е спој на критики за општествените појави, исмејување одредени карактеристики на мјаукедонскиот и светскиот