Играчите на Металург патуваат за Шпанија!

Најден заеднички јазик меѓу управата и играчите на Металург. Последниот состанок на газдата Минчо Јорданов со лидерите на тимот вроди со плод. На него беше решено македонските ракометари да отпатуваат за Шпанија, за да не се ризикува евентуална ригорозна казна за клубот од ЕХФ.Според Екипа на претходниот состанок што траеше повеќе од три часа, раководството на клубот му искажа доверба на Червар и покрај сериозните критики што ракометарите ги упатиле на адреса на Хрватот. Тренерот на Металург бил присутен на состанокот и лично слушал што се имаат да кажат играчите против него, но не одговорил на ниту едно од нивните обвинувања. На крајот, Јорданов застанал зад Червар и им порачал на ракометарите дека тој ќе остане тренер, а на нив е да решат дали се подготвени да продолжат да играат за Лино, на што газдата добил негативен одговор и состанокот заврши спротивно од посакуваниот исход.
Се чинеше дека пронаоѓање на заеднички јазик е невозможна мисија, но тоа сепак се случи по последниот состанок, во кој Јорданов се сретна со домашните ракометари кои важат за предводници на тимот. Свесни за опасноста со која се соочува клубот при евентуално неиграње на дуелот од ЛШ против Ла Риоха, репрезентативците на Македонија се согласиле да отпатуваат за Шпанија, со што се решава прввиот огромен проблем со кој се соочуваше македонскиот првак, поради еввентуалните казни што можеа дополнително да ја загрозат неговата егзистенција.
Скоро сите странски ракометари најавиле заминување од Автокоманда, но не се отфрла можноста некој од нив во следниот период ќе го смени својот став и ќе даде согласност да им се приклучи на домашните играчи за дуелот со Ла Риоха.
Останува да се види дали е ова само привремено решение и дали повторно ќе следат коренити промени по двомечот со Ла Риоха во ЛШ, но и дали на клупата на Металург ќе остане Лино Червар, за кого играчите имаа сериозни критики и обвинувања во текот на штрајкот.Според Екипа на претходниот состанок што траеше повеќе од три часа, раководството на клубот му искажа доверба на Червар и покрај сериозните критики

Пронајдете не на следниве мрежи: