Играчите на Реал Сосиедад во минатото користеле допинг

Некогашниот претседател на Реал Сосиедад, Инаки Бадиола, тврди дека пред неговото доаѓање на функцијата, фудбалерите на овој тим редовно користеле допинг.
Бадиола, во изјавата за „As“, рекол дека клубот, во 2008 година, им врачил откази на двајцата лекари, откако открил дека во претходните шест години биле купувани недозволени средства. 

„Клубот во 2008 година официјално им врачи откази на лекарите Едуардо Ескобар и Анчоне Горочатеги, бидејќи во период од шест години купувале медицински производи кои во тоа време не беа дозволени.“ Во наведениот период на чело на екипата од Сан Себастијан биле Хозе Луис Астиазаран (од 2001. до 2005.), Мигел Фуентес (од 2005. до 2007.) и Хуан Ларзабал (од 2007. до 2008.). „Тие купувале производи кои не биле дозволени. Кога јас дојдов на чело на клубот во 2008 во 2009 година ставив крај на тоа“, рекол Бадиола и дополнил: „Не истражувавме и не знаеме кои играчи користеле допинг, нашата истрага се однесуваше на докторите. Мислам дека допингот не му е потребен на фудбалот, како што тоа е пример со велосипедизмот. Меѓутоа, поради големата конкуренција и сумите на пари кои се вртат во фудбалот е предизвик од спортистот да се извлече максимумот.“ Бадиола верува дека во фудбалот не се работи доволно за да се спречат ваквите работи
 
Makфакс

 Некогашниот претседател на Реал Сосиедад, Инаки Бадиола, тврди дека пред неговото доаѓање на функцијата, фудбалерите

Пронајдете не на следниве мрежи: