Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, присуствуваше на финалните трки од натпреварите во Илинденски Кајак-Слалом „ИКАС 2016“ кои се одржаа денеска (10.04.2016 година, недела) во СРЦ „Матка“.
Станува збор за една од најстарите и најквалитетните традиционални спортски манифестации во градот Скопје и во Република Македонија.
– На овогодинешното, 48-мо по ред Илинденски Кајак-Слалом учествуваат повеќе од 200 кајакари од 15 држави, со што продолжува одличната организација на оваа спортска манифестација. За потсетување, во 2014 година градот Скопје беше домаќин на една прекрасна манифестација – Европското првенство во кајак слалом за јуниори, кога на патеката во Матка беа пријавени околу 400 кајакари од 30 европски држави. Сакам да им посакам добар настап и убав престој во Скопје на учесниците. Град Скопје ја поддржува оваа меѓународна спортска манифестација и нашата поддршка ќе продолжи и во иднина, кажа градоначалникот Трајановски.
И оваа година за љубителите на кајакот ЈСП –Скопје организира бесплатен автобуски превоз во 9 и во 11 часот од Скопје кон Матка и враќање во 16 и во 18 часот од Матка за Скопје. На средување на просторот околу патеката работеа и екипи на ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „ Паркови и зеленило“ за да го направат попријатен амбиентот за сите присутни на оваа голема спортска манифестацијата.
Град Скопје финансиски го поддржува „ИКАС 2016“ со 190.000 денари.
Станува збор за една од најстарите и најквалитетните традиционални спортски манифестации во градот Скопје и во Република Македо