Илјадници сириски мигранти СМРЗНУВААТ секој ден поради неажурноста на Ременски

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, еден месец ги нема подмирено обврските на Министерството за обезбедување електрична енергија за затоплување на објектите во транзитните центри на северната и на јужната граница.Лицата што се присутни во прифатните центри велат дека состојбата таму е критична. Илјадници сириски мигранти, жени и деца смрзнуваат секој ден поради неажурноста на Ременски.
Иако Министерството за труд и социјала има добиено грант од Банката за развој при Советот на Европа, во износ од 2 милиони евра во почетокот на ноември оваа година токму за овие намени, до денеска Ременски ги нема завршено постапките за да овозможи достоинствени услови, греење и затоплени шатори и објекти во транзитните центри.
Во кампот во Табановце воопшто нема греење, три големи шатори и 20 ИКЕА- куќички, со вкупен капацитет за 1.000 луѓе, се незатоплени. Во кампот во Гевгелија нема греење во дури 5 големи шатори и десетина куќички со капацитет за над 1.000 лица, кои се целосно незатоплени и греење има само во малиот шатор на УНИЦЕФ.
Единствено во два шатора има минимално греење во Гевгелија, во останатите нема инсталација и не е можно да се загреат.
Извор: Телеграф.мкЛицата што се присутни во прифатните центри велат дека состојбата таму е критична. Илјадници сириски мигранти, жени и деца смрзнуваат секој ден пор

Пронајдете не на следниве мрежи: