Има 7 години и тежи 120 килограми

На седумгодишниот Мухамед Јусуф од Пакистан, кој тежи четири пати повеќе од дете на негова возраст, отстранети му се дури 75 проценти од желудникот за да може во наредната година да ја преполови тежината.На момчето за кое се претпоставува дека пати од “Prader-Willi” синдромот кој предизвикува огромен апетит, минатата недела му е направена операција за смалување на желудникот.
Докторите ги увериле неговите загрижени родители дека ова може да му помогне во наредната година да ја преполови својата тежина која сега е неверојатни 120 килограми.
Неговата мајка Рабиа Фаисал изјавила “ Му дававме да јаде кога и да посака затоа што многу го сакаме”.
Неговото дневно мени се состои од две литри мелко, три чинии ориз, како и чоколадо и сладолед. Кога имал четири години тежел 75 килограми. Во наредните шест недели детето ќе биде ставено на течна диета.

Мухамед кој до третиот месец бил здраво бебе, не може да оди подолго од неколку минути без да се одмори и поради својата тежина не може да оди на училиште. Неговите родители тврдат дека поради неговата тежина е одбиен во многу училишта.
Родителите на Мухамед се надеваат дека нивниот син брзо ќе се опорави од операцијата, бидејќи сакаат да го гледаат своето дете како си игра со другите деца и живее нормано како сите останати.На момчето за кое се претпоставува дека пати од “Prader-Willi” синдромот кој предизвикува огромен апетит, минатата недела му е направен

Пронајдете не на следниве мрежи: