Има повеќе од доволно време за ДИК да го прочисти избирачкиот список до 5. јуни

Премиерот задолжен за спроведување на изборите, Емил Димитриев по денешната трета по ред средба со ДИК, увери дека има и повеќе од доволно време за ДИК да може да го прочисти избирачкиот список до 5 јуни.Ние како Влада, подвлече Димитриев,  од самиот почеток разговаравме за сите тековни активности на ДИК како и за тоа што како Влада можат да помогнат во новите ситуации.
-Имавме доста конструктивна средба, на обострано задоволство одредивме идни чекори кои што Владата треба да ги направи во поддршка на ДИК, се со цел да се запазат сите рокови за организирање на фер и кредибилни избори. Од членовите на ДИК добив уверување дека дополнителниот тајминг кој што е добиен со поместување на рокот за одржување на изборите е доволен за да се постигне се што е обврска на ДИК, подвлече Димитриев.
Димитриев потсети дека Владата и сега го дели ставот дека  оптимален и реален рок за одржување на избори беше 24 април и реално се можеше да се постигне за организирање на фер избори.
-Јас апелирав поместувањето на рокот на изборите да не влијае за да го чекаме крајниот рок за исполнување на обврските, да си ги завршиме обврските пред тоа со што ќе влијаеме дополнително во создавање на позитивна атмосфера и амбиент за организирање на изборите, додаде тој.
Димитриев подвлече дека има услови за одржување на избори на 5 јуни, денеска завршува процесот на валидација на базите и може да се започне со вкрстувањето на базите уште денеска или евентуално и најкасно утре.
-ИТ експертите кои што ги има ангажирано ДИК предвидуваат тоа вкрстување да трае од 7-10 дена, а потоа следи теренската проверка што значи дека имаме многу извесна ситуација дека на време ќе биде прочистен избирачкиот список, заклучи Димитриев.
Димитриев исто така истакна дека на престапниците на ДИК ја понудил целата помош која што Вадата може да ја понуди, како и дека и понатаму ќе се продолжи со воспоставената практика на средби и преку комуникација да се решаваат сите состојби и пред крајните рокови.
-ДИК има потреба од спроведување на одредени јавни набавки за логистика, набавка на компјутери за кои се потребни рокови, па за да не се губи време во спроведување на јавни набавки им понудив сето тоа што можеме како Влада да го помогнеме за да не дојдеме во ситуација ДИК да не може да функционира поради одредена логистика. Побарав цел список од ДИК за тоа што и е потребно да најдеме начин како тоа да биде решено со многу кратки рокови, рече тој.Ние како Влада, подвлече Димитриев,  од самиот почеток разговаравме за сите тековни активности на ДИК како и за тоа што како Влада можат да по

Пронајдете не на следниве мрежи: