Има загинати во невреме во Јапонија и Кина

Неколку десетици лица загинаа или се водат како исчезнати по невремето проследено со поројни дождови што ги погоди Јапонија и Кина, поради што е наредена евакуација на десетици илјади лица.Спасувачките служби во јужниот дел на Јапонија денеска понајдоа уште четири тела, со што вкупниот број на загинати при невремето се искачи на шест, додека најмалку 22 лица се уште се водат како исчезнати.
Јапонските медиуми јавија дека властите наредиле евакуација на речиси 80.000 лица од подрачјата погодени од невремето.
Локални претставници наведоа дека војници и спасувачи тимови успеале да стигнат до одредени села, кои беа отсечени од светот поради невремето и спасиле десетици жители.
Предупредувањата за обилни дождови се уште се во сила за делови на јужниот остров Кјушу, откако претходните денови тајфунот Нанмадол ја погоди Јапонија, предизвикувајќи дождови кои уништија голем број куќи и улици.
Во јужниот дел на Кина пак силниот дожд предизвика поплави и свлечишта при што загинаа десетици лица.
Кинеските медиуми јавија дека 44 лица загинале или се водат како исчезнати како последица од поплавите и свлечиштата во провинцијата Хунан.
Претставниците во автономната област Гунагси наведоа дека се загинати уште 20 лица, а 14 се исчезнати.
Предизвикани се материјални штети од повеќе милијарда долари.Спасувачките служби во јужниот дел на Јапонија денеска понајдоа уште четири тела, со што вкупниот број на загинати при невремето се искачи на шест,

Пронајдете не на следниве мрежи: