Починатиот, поради кој беше демолиран Ургентниот Центар во ГОБ „8 Септември” најверојатно имал инфаркт додека со другарите биле во кафеана, дознава „Здравство 24“ повикувајќи се на свои извори.Според неофицијалните информации, сега починатиот на возраст од околу 40 години заедно со поголемо друштво бил во кафеана, каде доживеал срцев удар. Веднаш била повикана Брза Помош, но лекарите не можеле многу да сторат. Иако успеале за многу кратко време да го префрлат во Градската општа болница по 50 минутна реанимација констатирале смрт.
Неговите пријатели, четириесетина на број заедно со него, од кафеана дошле во болница. Кога ја слушнале веста дека нивниот пријател починал, почнале да ја демолираат болницата. Направена е поголема материјална штета, а во целиот неред, го земале и телото на починатиот и си заминале.
Подоцна, персоналот од болницата контактирал со семејството на починатиот и успеале да се договорат да ги потпишат документите со кои и формално потврдуваат дека бараат на телото да не се врши обдукција, бидејќи според праксата, доколку семејството не побара поинаку, се прави медицинска обдукција врз телото на секој пациент кој ќе почине во болница за да се утврди причината за смртта.
Интервенирала и полицијата. Од таму има само потврда за инцидентот без повеќе детали.Според неофицијалните информации, сега починатиот на возраст од околу 40 години заедно со поголемо друштво бил во кафеана, каде доживеал срцев удар