Имате ли доказ дека бевте на одмор?

Фотографии, чекирања, коментари, лајкови, тагнување и стотици виртуелни финти…
Сигурно сето ова е дел од вашето секојдневие доколку сте зависник од друштвениот син свет наречен Фејсбук. Најпопуларната социјална мрежа има толку навлезено во животите на стотици милиони луѓе, што има неверојатна сила да влијае врз нивното секојдневие. Многу од луѓето стануваат опседнати со Фејсбук и најголем дел од своето слободно време го користат пред компјутерскиот екран.
Но што кога ќе отидете на одмор?! Нели таму човек треба да го прави само она што го чини среќен и ништо повеќе. Малку да се одморите, да посетите нови места, да ги искористите сетилата до максимум, да се забавувате до бескрај и буквално ништо да не ви недостига во тој момент.
И така е, благодарејќи на новата технологија и новите паметни телефони, ништо нема да ви недостига па дури ни социјалните мрежи. Сето тоа што се случува на летниот одмор се документира, се фотографира и со брзина на светлината се објавува на Фејсбук.
Доколку не го направите тоа најверојатно нешто „не е во ред со вас“!
Фотографирањето започнува дури од самото пакување за на одмор…се преслушувате дали се сте земале се што ви е потребно, и тргнувате. Кога веќе сте на автобуската или на аеродром (во зависност од тоа со што патувате до одредената дестинација) задолжително следува check-in: „На аеродром…Шпанијаа here we come.“
И нормално се фотографирате во авионот/автобусот, како јадете, како спиете, како се смеете, како се плашите од височината летајќи во облаците…и така натаму. Пристигнувате, и повторно следува check in да се знае дека сте стигнале, бидејќи ако не ги известите виртуелните другарчиња сигурно ќе се загрижат за вас. И се така, во текот на целиот одмор…фотографии од плажа во вашите секси костуми за капење, фотографии пред излегување, фотографии од „ненормално“ добрата ноќна журка, фотографии од вашата искривена фаца благодарение на алкохолот кој си го направил своето…и сето тоа со ознака на сите пријатели кои биле со вас, и точното место на кое се наоѓате, зашто ако не го направите тоа „нема да знаете кај се наоѓате“.
Но ќе се согласите дека сите не мораат да знаат за вашата бурна страсна ноќ која сте ја поминале со некој случаен минувач и дека денес поради тоа не можете да ги држите очите отворени.
На самиот крај од летниот одмор бидејќи ви е преку глава од алкохол и брза храна, пиете цедевита за да се освежите и се чекнувате: „На ручече“.
А вие? Дали вие веќе бевте на одмор и ги споделивте вашите фотографии со пријателите?
Доколку сеуште не сте биле, немојте да заборавите да се „испосликате и испочекирате“ бидејќи така би изгледало дека воопшто не сте ни биле на летување!
Па сега самите решете како ќе постапите!Фотографии, чекирања, коментари, лајкови, тагнување и стотици виртуелни финти…

Пронајдете не на следниве мрежи: