Замислете го ова. Го сонувате најдобриот сон досега. Одеднаш вашето тело почнува да се тресе и вие се будите од сонот. Грдо, нели? Зошто телото нагло се буди? Дали ова ви се има случено?Понекогаш може да чувствувате како паѓате од голема висина. Луѓето на различни начини се обидоа да го објаснат тоа чувство. Сите го имаме доживеано тоа на поинаков начин, но конечниот резултат е дека ќе заврши со будење од состојбата на мирување.
Пред сѐ, експертите веруваат дека постојат некои надворешни фактори кои можат да ја зголемат веројатноста за згрчување или тресење, како што се кофеинот и тутунот. Се препорачува да не се пие кафе неколку часа пред заминувањето во кревет, бидејќи со тоа можат да се зголемат шансите за полегнување на оваа појава.
Некои стимуланси, како што се адерол или риталин, може да имаат сличен ефект. Недостатокот на сон е исто така можен фактор за оваа појава. Тресењето обично се случува кога некој пребрзо ќе заспие од исцрпеност.
Во првите фази од сонот, отчукувањата на срцето и дишењето се бавни. Понекогаш, кога некој навистина е исцрпен, мозокот продлжува брзо низ овие фази од сонот и тоа го збунува. Тогаш, телото реагира со хемикалии кои предизвикуваат да се будите со рефлекс од сонот…Понекогаш може да чувствувате како паѓате од голема висина. Луѓето на различни начини се обидоа да го објаснат тоа чувство. Сите го имаме доживеано