„IN – OUT – ILLUMINATION“- Изложба на Благојче Наумоски – Бане во ПрилепЌе започнам со една временска паралела, започнувајќи со датата – 8 ми Ноември но во далечната 1895 година, кога германскиот физичар Вилхем Конрад Рендген во еден од експериментите во неговата лабораторија, ги открива ренгентските зраци. Додека ги испитувал квалитетите на различните материјали и нивната способност да можат да го стопираат или забават зракот, сосема случајно ја ставил раката под флуоросцентните зраци, додека апаратот сеуште бил вклучен. Во тој момент го приметил скелетот од сопствената рака. Ваквото случајно замавнување со раката под флуоросцентните зраци му ОСТАВИЛО ТОЛКУ СИЛЕН ВПЕЧАТОК, што одлучил и понатаму да експериментира во оваа насока, за што подоцна добил и Нобелова награда за оваа иновација.
Ликовниот експеримент и концепт е создаден во ателјето на авторот Благојче Наумовски-Бане, каде тој ги испитувал различните материјали, дали тие можат да го стопират или забават зракот како извор на светлина. Сосема случајно авторот замавнува со четката кон неговата внатрешна потрага по вечноста, потрага во самите себеси, потрага по “идеалното тело„ и совршеност, додека музиката со Аргентиско танго била вклучена во неговото ателје. Во тој момент го приметил сопствениот скелет од сопствената рака како ја држи четката, ТОЛКУ МНОГУ СИЛЕН ВПЕЧАТОК МУ ОСТАВИЛ, ШТО ЈА ЗАПОЧНАЛ ВНАТРЕШАТА ПОТРАГА И РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ИЗЛОЖБАТА СО НАСЛОВ – IN – OUT.
Гледајќи ги делата на авторот, не е возможно а да не се запрашаме дали и ние припаѓаме во ваквиот совршен свет со идеални пропорции каде што авторот ги прикажува многуте женски и машки актови кои се “нудат„ да ја раскажат нивната “надополнета„ совршеност.
Аспектите за потеклото на човекот имаат свој редослед: тело во антропологија, тело како теорија на философите, тело како дел од медицината и медицинските истражувања, билошкото гледиште на телото, етнологијата, психологијата, во модерната физика, во квантната физика, во математиката каде се користи и трансцедентна математичка задача наречена “Трансцедентна функција„ во религиите и духовните принципи, социолошките гледишта на телото и секако на крај ТЕЛОТО И УМЕТНОСТА. Земени одделно, овие пристапи нудат основа за толкување на човечката природа но не и целосни одговори за нивната “креирана судбина„ .
Потрагата по совршена форма и тело во актовите, во оваа концептуална изложба на Благојче Наумовски, е со позајмени ликови каде во неколку дела се портретирани филозофите од антиката како што се Хераклит, Сократ, Аристотел, иделната женска убавина на Афродита, потврдувајќи ја врската со античката убавина и нејзините карактеристики, тргнувајќи од атлетски идеал, доловувајќи природен изглед и опуштеност на телото. Ренгентските снимки пак со напишаните формули од математиката и квантната физика, како врежани тетоважи го декорираат телото.
– OCULUS NON VIDIT, NEC AURIS AUDVIT, “НЕШТО ШТО ОКОТО СЕУШТЕ ГО НЕМА ВИДЕНО, НИТУ ПАК УВОТО ГО ИМА ЧУЕНО„ се само уметниковите сетила кои можат да функционират во трансцедентниот свет, само тие можат да видат и чујат нешто, што другите не можат. Авторот инсистира на ТРАНСЦЕДЕНТНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ на границите на свеста и доживување на искуства во една метафизичка атмосфера.
Ваквата уметникова привилегија, авторот во оваа изложба по сите основи ја распослува пред нас со евидентната ТРАНСЦЕДЕНТНА АТМОСФЕРА, РЕШАВАЈЌИ ЈА СУДБИНАТА на овие актови СО ПЛУС И МИНУС, СО ВО И НА, СО ПОД И НАД, СО НАДВОР, ВНАТРЕ, ПОЗИТИВ И НЕГАТИВ, вечна игра која можеме да ја наречеме ИНТИМНА ВНАТРЕШНА ИГРА, ИНТИМНА ИГРА НА ПРИПАДНОСТ, ПРАШАЊЕТО ДАЛИ СМЕ НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА, ПОТРПЕНИ, НАВАЛЕНИ, ЗАСОЛНЕТИ, ЗГРИЖЕНИ, или пак ГУШНАТИ СО ЉУБОВТА.
Проф.м-р Јана Манева – ЧупоскаЌе започнам со една временска паралела, започнувајќи со датата – 8 ми Ноември но во далечната 1895 година, кога германскиот физичар Вилхем Конрад Р