Берзанските индекси на Волстрит во четвртокот останаа речиси непроменети бидејќи нема вести кои би ги поттикнале инвеститорите, но сепак на берзата поддршка и пружија неколку превземања на компании.Индексот Dow Jones ослабна за 0,09 отсто, на 13.973 поени, индексот S&P 500 зајакна за 0,07 отсто, на 1.521 поени, додека индексот Nasdaq беше во плус за 0,06 проценти, на 3.198 индексни поени.Берзанските индекси веќе трет ден по ред се без поголеми промени, бидејќи ниту од корпоративната, ниту од макроекономската сцена нема вести кои значително би ја поттикнале берзата.На почетокот на вчерашното тргување цените на акциите почнаа да паѓаат бидејќи јапонската економија неочекувано ослабна и во последниот квартал, трет квартал по ред.Сепак, инвеститорите повеќе ги загрижи веста за поголемиот од очекуваниот пад на германската и француската економија, што покажува дека рецесијата во еврозоната во последните три месеци од минатата година била продлабочена.Од друга страна инвеститорите ги охрабри извештајот според кој во минатата недела бројот на барања за помош на невработени Американци паднал повеќе од очекуваното, што укажува на подобрување на состојбата на пазарот на труд.Не сум негативно расположен, но на овие нивоа на цените не гледам поттик за натамошно купување на акции“, вели Доналд Селкинг, стратег во компанијата National Securities.Берзите добија мала подршка од аквизиции. Меѓу останатите, Berkshire Hathaway, компанија на влијателниот инвеститор Ворен Бафет, понуди 28 милијарди долари за купување на Heinz, по што цената на овој американски произведувач на храна скокна за 20 отсто.
МакфаксБерзанските индекси на Волстрит во четвртокот останаа ре