Индија годинава испраќа мисија на Марс

Индија оваа година ќе ја испрати првата мисија на Марс, изјави во четврток индискиот претседател Пранаб Мукхерје, во моментот кога оваа азиска земја се обидува да влезе во глобалната вселенска трка со САД, Русија и Кина.„За 2013 година планирани се повеќе вселенски мисии, вклучувајќи ја и првата индиска мисија на Марс, како и лансирањето на нашиот прв навигационен сателит“, рече Мукхерје пред пратениците во парламентот.Индија во октомври во орбитата на Црвената планета ќе испрати мисија во која нема да бидат вклучени луѓе. Се очекува оваа мисија да чини околу 83 милиони долари.На вселенското летало, кое ќе биде изработено во Индија, ќе му бидат потребни девет месеци за да стигне до Марс.Индиската мисија на Марс предизвика остри критики во земјата која се бори со големата сиромаштија.Но, индиските власти тврдат дека технологијата што се развива за вселенските програми, може да се применува и во секојдневниот живот.Индиската програма за истражување на вселената започна во 1962 година. Пред пет години индискиот сателит Чандрајан пронајде докази за постоење вода на Месечината.
МакфаксИндија оваа година ќе ја испрати првата мисија на Марс, изјави во четврток индискиот претседател Пранаб Мукхерје, во м

Пронајдете не на следниве мрежи: