INFOMAX.MK

Единствениот спас од летните горештини доаѓа во вечерните часови, но излегувањето на прошетка го расипуваат наездите од комарци.

Ако не можете или не сакате да ги користите купечките средства за заштита, направете свој спреј од само три состојки.

Ќе ви треба есенцијално масло од еукалиптус и хидролат хамамелис кои можете да ги набавите во секоја аптека. Истурете третина од чаша хамамелис и една третина од чаша обична вода во шише со распрскувач, а потоа додадете приближно 40 капки есенцијално масло од еукалиптус.

Добро протресете и со оваа течност испрскајте ги отворените делови од телото. Почекајте да се исуши и дури потоа одете на вечерна прошетка.

Пронајдете не на следниве мрежи: