ИНФОРМАТИЈАДА 2014: Најголемото ИТ дружење на Балканот

Од 8 до 12 октомври, градот Охрид ќе биде центар на ИТ случувањата во Македонија, но и на Балканот.Студентскиот парламент при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство го најавува петдневното интернационално ИТ дружење – Информатијада 2014.
Со целосна поддршка од универзитите во Македонија, но и од факултетите на Балканот, повеќе од 400 студенти – информатичари ќе имаат можност да присуствуваат на предавања и работилници на познати ИТ експерти од регионот, но во исто време да се натпреваруваат и забавуваат.
„Освен формалниот дел во областа на предавањата на разни експерти од ИТ индустријата, студентите ќе можат да ги покажат своите вештини во креирање на софтверски производ, но исто така и да го развијат натпреварувачкиот дух во разни компјутерски, но и спортски натпревари. Во никој случај не ја потценуваме и забавната страна, па така ќе бидат организирани и разни забави за запознавање на учесниците.“ – изјавуваат од организацијата на настанот.
Од студентскиот парламент при Факулетот за информатички науки и компјутерско инженерство изјавуваат дека Информатијада првично ќе придонесе кон размена на искуства и контакти помеѓу студентите, како и отворање на нови можности за понатамошна соработка и уште многу проекти на интернационално ниво.
Домаќин на петдневното ИТ дружење ќе биде хотелот Десарет во Охрид, а за сите останати информации и начинот како можете локацијата www.informatijada.mk.Студентскиот парламент при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство го најавува петдневното интернационално ИТ дружење – Информа

Пронајдете не на следниве мрежи: